Се молам вие да станете вистинските Божји
чеда и да ја споделувате вистинската љубов во
вечната среќа и радост во Новиот Ерусалим кој
што изобилува со љубовта Божја…
Му ја оддавам сета благодарност и слава на Богот
Отецот кој што јасно ми го откри животот на небесата и
не благослови со можноста да ја објавиме книгата Небеса
I: Јасен И Прекрасен Како Кристал и сега Небеса II:
Исполнет со славата Божја.
Јас многу копнеев да ги осознаам небесата во детали и
затоа продолжив да се молам и да постам во врска со тоа. По
седум години Бог конечно ми одговори на моите молитви
така што денеска Тој ми ги открива најдлабоките тајни за
духовното царство.